Полагање на Појасот на Пресвета Богородица

На 31 август/13 септември секоја година се празнува споменот на Појасот на Пресвета Богородица. Тоа е еден уникатен свештен предмет кој се поврзува со земниот живот на Богородица и до денес се чува во светогорскиот манастир Ватопед, во Градината на Пресвета Богородица. Самата Богородица го исплела појасот од камилски влакна. Информациите за земниот живот на…

Кое е главното дело на свештениците во Црквата

Старец Нектариј Мулациотис, протосингел на митрополијата во Фокида Црквата е место за преобразување на човекот. Од гавран во бел гулаб, од волк во овца, од грешник, злочестив и еретик, во светител, од темнина го преобразува во светлина. Тоа е мисијата и нејзината цел. Црквата е во суштина еден простор и место на преобразување на животот,…

Во длабоките води

Недела IX по Педесетница (Матеј 14,22-34) Сме виделе како изгледа море, езеро, река. На површината, на брегот, секогаш водата ги исфрла нечистите работи, а ако сакаме чиста вода, тогаш треба да одиме подлабоко и подалеку од брегот. Ако судиме според брегот и површината, тогаш ниту една вода нема да ни биде чиста. И во Црквата…

Томина недела

Го чувме евангелието за денешниот настан, кога низ затворени врати Воскреснатиот Христос влегол кај учениците и им кажал, „мир вам“. По Божја промисла таму не бил апостолот Тома, кој подоцна, кога другите апостоли го уверувале дека Господ воскреснал, не можел да поверува. Дури откако Господ дошол лично пред него и му ги покажал раните од…

Лазарева сабота

Во Евангелието се запишани три воскреснувања од страна на Христос. Првото е воскреснувањето на синот на вдовицата од Наин, потоа воскреснувањето на ќерката на Јаир, и воскреснувањето на Лазар. Лазар е личност од Новиот Завет, пријател и ученик Христов, кој воскресна предвестувајќи го Воскресението на Господ. Некои сметаат дека тој бил син на Симеон од…

Недела на свети Григориј Палама

Во втората недела од Великиот пост Светата Црква си спомнува за светиот Григориј Палама, поборникот за исихазмот, оној кој ѝ даде на Црквата боговдахновено објаснување на спасителната благодат Божја, која ја примаме преку светите таинства на Црквата, преку нашата соработка со Бога, преку нашиот подвижничко-литургиски живот. Сме чуле за поимот Божја сила, многу луѓе го…

Сретение – среќа

Настанот кој денес го празнуваме е опишан во Евангелието според Лука. Станува збор за моментот кога Пресвета Богородица и праведниот Јосиф Го донесуваат малиот Христос, во четириесеттиот ден по раѓањето, да Го претстават пред Бога во храмот. На овој настан, освен нив, биле присутни и праведниот Симеон Богопримец, кому му било проречено дека нема да…

Поклонението на мудреците

Поклонението на мудреците, мудрите мажи кои не припаѓаа на опкружувањето на Исуса, ја покажува божественоста и неговата посебност: мудреците беа први претставници на јазичниците кои Му се поклонија на Исуса. Во Средниот век овие мудреци беа почитувани како светители. Апокрифното Јаковово протоевангелие, кое се фокусира на Богородица (раѓањето, детската возраст, веридбата со Јосиф и раѓањето…

Бадниково и Божиќно дрво

Бадниково и Божиќно дрво Во христијанството од IV век се востанови 25 декември како ден за празнување на Рождеството Христово и во VIII век беше украсено првото божиќно дрво, кое беше елка. Се разбира, изборот на елката беше од страна на свети Вонифатиј (Бонифациј, роден во Англија во 672 година, бил епископ и рамноапостол на…

Собор на небесните сили (8/21 ноември)

(За ангелите) Бог ги создал ангелските чинови уште пред создавањето на светот и човекот. Како што вели свети Григориј Палама, Бог „ги создаде ангелите пред нас, заради нас, за да се испраќаат како ѓакони (служители)“. Свети Јован Дамаскин вели дека тоа се духовни битија, постојано во движење, слободни, бестелесни, кои Му служат на Бога и…