Митрополит Диоклијски Калистос Вер

kalistos 3

Високопреосветениот Калистос Вер (роден како Timothy Ware во Bath, Somerset, Англија во 1934 година) е помошен епископ на Цариградската патријаршија во Велика Британија.

Митрополитот Калистос стекнал образование во Вестминстерската школа (за која добил и стипендија) и во Колеџот Магдален во Оксфорд, каде што истовремено посетувал класични студии, како и теологија.

Во 1958 на 24-годишна возраст, тој ја прима православната вера (се родил и пораснал во англиканско семејство), патувајќи често низ Грција, поминува извесно време во манастирот на свети Јован на Патмос.

Тој исто така ги посетил и другите главни центри на Православието како што се Ерусалим и Света Гора. Во 1966 е ракоположен за свештеник и се замонашил, примајќи го името Калистос.

Во истата година станал предавач на Оксфорд, предавајќи Православна теологија, позиција која ја држел 35 години сè до неговото пензионирање. Во 1970 бил назначен во Здружението во Колеџот Пемброук, Оксфорд, и во 1982 година бил посветен во епископски чин како помошен епископ со титула Епископ на Диоклија, поставен да служи како помошен епископ на Цариградската патријаршија, во нејзината дијацеза на Тијатира и Велика Британија. Наспроти неговото добивање на висок чин, епископот Калистос останал во Оксфорд и ги сносел одговорностите и како парохиски свештеник за оксфордската грко-православна заедница, и како предавач на Универзитетот.

По неговото пензионирање во 2001 митрополитот Калистос продолжил да издава книги и да одржува предавања за православното христијанство, патувајќи насекаде. До неодамна тој беше претседател на Институтот за Православни христијански студии во Кембриџ. Претседава со Англиканско-православниот богословски дијалог. На 31 март 2007 беше устоличен како Митрополит.

Митрополитот Калистос е можеби најпознат како автор на книгата „Православната црква“, издадена во времето пред да стане клирик во 1963 и потоа ревидирана неколку пати. Потоа го издаде „Православен пат“. Но најзначајни изданија се неговите преведувачки дела. Заедно со Г.Е.Палмер и Филип Шерард тој се зафати со преведување на Филокалија (Добротољубие, од кое беа издадени четири од петте томови); заедно со мајка Марија ги издаде Посниот триод и Празничниот минеј.

Негови дела се:

„Православна Црква“, 2 изд. 1993;

„Православен пат“, 1995;

„Царството е во вас“ (2000);

„Иконата на Троица“, 2006;

„Заедничарење и созаедничарење“, 1980;

„Како сме спасени: Сфаќањето на Спасението во православното предание“, 1996;

„Ракополагање на жени во Православната црква“, Женева 2000;

„Молејќи се со православното предание“, 1990, и огромен број други дела.

Преводот е според информациите објавени на официјалниот сајт на Тијатирската дијацеза.

Види: Славете Го Бога со вашите тела – 1 дел

Црквата и национализмот (дел од интервју)

2 thoughts on “Митрополит Диоклијски Калистос Вер

  1. Pingback: Славете го Бога со вашите тела | Амвон

  2. Pingback: Црквата и национализмот | Амвон

Напишете коментар