Да го читаме Акатистот на Пресвета Богородица

Архимандрит Андреј Конанос

Веќе реков: Секој ден да го читаме Акатистот!

Секој ден да ѝ велиме на Богородица: Радувај се! Радувај се! Радувај се!

Моја Богородице, да имаш радост. Те поздравуваме. Не сме неблагодарни. Си ни направила толку добрини. Ни го донесе Бога во светот! Зарем нема да ти кажеме едно „благодарам“?

Едно „радувај се“, кое трае 7-8 минути. Само 7-8 минути трае читањето на Акатистот.

Да го читаме Акатистот. Тоа е многу убава молитва. Господска молитва.

Без никакви барања. Без никакви молби и молења, и „го сакам ова, го сакам она“.

Не сакам ништо! Богородице моја, само те поздравувам.

Радувај се Невесто Неневестна. Радувај се Невесто Неневестна!

 

(Поимот „неневестна“ – анимфевте, означува невеста која не била невеста, т.е. иако станала родилка, мајка на нашиот Господ Исус Христос, сепак останала девојка.).

Превод од грчки: Свештеник Јани Мулев