За страната

Ова е лична веб-страна на свештеник Јани Мулев,

клирик на Повардарската епархија при

Светата Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Роден – 19.02.1979 во Велес;

Македонска православна богословија „Свети Климент Охридски“, Драчево, завршил – 1998;

Богословски Факултет „Свети Климент Охридски“, Скопје, дипломирал – 2005;

Вработен во издавачката дејност на Повардарска епархија – од септември 2007;

Ракоположен во ѓаконски чин од митр. Агатангел – 07.01.2008;

Ракоположен во свештенички чин од митр. Агатангел – 09.12.2012;

Парохиски свештеник во соборниот храм на „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес од 01.01.2013 год.

Старешина на болничката црква „Св. Козма и Дамјан“ од 2016 година.

Преведува: Англиски, руски, грчки и црковнословенски јазик;

Преводи:

„Огнената река“ од Александар Каломирос, издание на Европската епархија, Скопје 2007, превод од англиски јазик;

„За светото и возвишено служење на свештеникот Божји“, Велес 2007 (само интервјуто со митр. Антониј Блум, „Пазете се, браќа мои, свештеници“, превод од руски јазик)

„Најдобриот воспитувач“, од Живан М. Маринковиќ, Велес 2008, превод од српски јазик;

„Богородичен псалтир со молебен и акатисти“, Велес 2008, превод од руски јазик;

„Срцето што пее“, од Иван А. Илин, Велес 2009, превод од руски јазик;

„Молитви крај езерото“, од Владика Николај Велимировиќ, Велес 2009, превод од српски јазик;

„Православниот христијански брак“ (зборник од текстови), Велес 2009, превод од руски и англиски јазик;

„Псалтир“ (ко-преведувач), Велес 2010, превод на дополнувањето од црковнословенски јазик;

„Свештени канони на Светата Православна Црква“, Велес 2011, превод од српски јазик.

„Со пост и молитва“ (зборник од текстови), Велес 2013, превод од руски и грчки јазик.

„Аномалии на родителската љубов“, Велес 2016, превод од српски јазик.

„Старец Јероним, исихастот Егински“, Велес 2016, превод од грчки јазик.

Авторски брошури: „Како да се подготвуваме за Светата Причест“, Велес 2012.

„Против богоборното и црквоборно баење, гатање и јасновидство“, Велес 2012.

Останатите преводи и текстови излегуваат во „Православна светлина“.

Оваа страна започна најпрво како блог „Ортодоксија и ортопраксија“, кој по неколку години се претвори во веб страна. Целта на оваа страна е да им помогне на сите кои сакаат да знаат нешто повеќе за Бога, за Светата црква, за Православната вера и пракса, за животот во Христа, со Христа и според Христа.

Исто така оваа страна посакуваме да им стане помошник на учениците и студентите од Богословските просветни институции во нивното богословско изучување и образование.

 

Напишете коментар